Бизнис

ЕФН бара посебни мерки за помош на медиумите во ЕУ поради кризата

Европската федерација на новинари (ЕФН) се сретна со потпретседателката на Европската Комисија (ЕК), Вера Јурова, и побара пакетите за спас од економската криза што ги подготвува ЕК да вклучуваат посебни мерки за помош за медиумскиот сектор, јави дописничката на МИА од Брисел.

ЕФН ги повика сите ЕУ институции да преземат брзи и координирани мерки за да му помогнат на медиумскиот сектор да се справи со „катастрофалните социјални и економски последици од кризата со ковид-19„.

– Пред оваа пандемија, европските граѓани имаат потреба од професионални и економски безбедни новинари повеќе од било кога. ЕУ треба да преземе акции и да ги охрабри земјите членки да го сторат истото – порача Федерацијата по средбата со Јурова.

Европската Комисија подготвува разни мерки и пакети за спас од економската криза која ќе следи по здравствената.

– ЕУ и национални пакети за закрепнување се итно потребни за да се заштитат работните места и егзистенцијата на медиумските работници, да се поддржат компаниите и да се финансираат медиумите од јавниот сервис за време на оваа криза. Илјадници медиумски работници веќе изгубија работа или ризикуваат да ја изгубат, привремено или трајно – повикуваа Федерацијата на европски новинари која застапува 320 илјади европски новинари во и надвор од ЕУ, вклучително и македонските.

Директорката на ЕФН, Ренате Шредер, смета дека „наместо намалување на даноците за компаниите и намалување на социјалните придонеси, ЕФН бара таргетирани мерки кои ќе испратат повеќе новинари на терен“.

Мерките за спас, според ЕФН, треба меѓу другото да вклучуваат зголемени фондови за медиумите од јавниот сервис, директна финансиска помош за редакциите и субвенции дистрибуирани преку независно тело земајќи предвид објективни критериуми.

– Повеќе европски влади како Данска и Шведска преземаат економски мерки за олеснување на медиумскиот сектор, но повеќето сѐ уште не предложиле специфична помош. Некои земји, како Хрватска, намерно одбиваат специфична помош за медиумите, што најостро го осудувам – изјави генералниот секретар на Федерацијата, Рикардо Гутиерез.

Од Федерацијата потсетуваат дека предизвикот на борбата против лажните вести треба исто така да биде поттик да се поддржат професионалните медиуми, посебно во кризно време како сега.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ЕУ инвестира 75 милиони евра во проекти поврзани за заштита на морската средина

saso user

Фајнанс тинк: Најранливи сектори од Ковид-19

saso user

Јавнообвинителските службеници бараат исти права со вработените во правосудството

saso user