Македонија Топ вести

Двајцата штипјани кои претепаа девојка и натаму во притвор

Продолжен е притворот на двајцата насилници на возраст од 23 и 26 години, кои во јануари брутално тепаа 20-годишна девојка, а насилството го снимаа на мобилен телефон.

Портпаролот на Основен суд-Штип, Катерина Миленкова-Трајчева за МИА изајви дека на двајцата им е продолжена мерката притвор од 30 дена. Предметот е веќе распределен кај судија, кој во најбрз рок ќе го закаже и судското рочиште.

Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски рече дека вчера го доставил обвинителниот предлог за продолжување на мерката притвор се до донесувањето на пресуда од страна на Судот. Двајцата насилниците се обвинети за сторено кривично дело „насилство“, а казната за вакви дела се движи од шест месеци до пет години затвор.

Виде материјалот беше објавен на социјалните мрежи на 2 април, кој молскавично се ширеше, а јавноста најостро го осуди настанот. Со жртвата работат тимови на Центарот за социјални работи и НВО „ЕХО“-Штип.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Со измама ветувал документи за работа во Германија и завршил во притвор

saso user

Заев ветува 100.000 работни места, просечна од 600 евра и минимална плата од 300 евра за 4 години

saso user

Цела Преспа е во пламен

saso user