Свет

Во Словенија потврдени 36 новозаразени со коронавирусот

Во Словенија се потврдени 35 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Изминатите 24 часа се направени вкупно 1.214 тестирања. Вкупниот број на инфицирани лица сега изнесува 1091.

Од сите инфицирани болнички се лекуваат 111 пациент, а од нив само 35 се на одделите за интензивна нега.

Од Ковид-19 во земјата до сега починаа 40 луѓе.

И понатаму критична е ситуацијата во домовите за стари лица каде има поголем број заразени пензионери и медицински персонал. Во Домот за стари лица – Љутомер, се земени уште 15 бриса, а три биле позитивни. Таму вкупно се заразени 53 лица од кој, 45 пензионери и седум вработени.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

САД бараат итна седница на СБ на ОН за Венецуела

saso user

Пивски меморандум потпишан во Лондон: Европските пивари сакаат да знаат што пијат

saso user

Авион од Истанбул слета во Дубровник со отворени врати

saso user