Спорт

Вимблдон ќе добие отштета од 114 милиони евра

Организаторите на Вимблдон објавија дека ќе добијат 114 милиони евра од осигурителното друштво поради откажување на турнирот.

Според нив, 23 милиони евра ќе бидат распределени на клубови, на судии, на играчи, на турнири кои се погодени со кризата од коронавирусот.
Поради пандемијата на коронавирус се откажани 34 турнири, но само Вимблдон имаше осигурителна полиса за таков случај.

Таквата пракса кај организаторите е од 2003 година и појавата на вирусот САРС во светот, па во полисата вклучија ризик за одложување на турнирот за што секоја година уплатуваа по 1,7 милиони евра.

Останатите Гренд слем турнира што треба да се одржат до крај на годината (Ролан Гарос, Ју-Ес опен) немаат такви полиси. Затоа и заканата за губење на 250 милиони евра во случај на откажување на натпреварите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Игуаин ја заврши репрезентативната кариера

saso user

Типсаревиќ со првата победа на АТП турнир од август 2017 година

saso user

Ѓоковиќ: Повредата посериозна отколку што мислев

saso user