Спорт

Бундеслига: До крајот на годината натпреварите ќе се играат без публика

Натпреварите во Бундеслигата, најверојатно, ќе се играат без публика, не само до крајот на оваа сезона, туку и до крајот на 2020 година.

Ова го изјави во интервју за „Њујорк Тајмс“ главниот извршен директор на Лигата, Кристијан Заиферт.

Шефот додава дека сите екипи од германската елита веќе тренираат и уште еднаш го потврдија планот за обновување на сезоната на почетокот на мај и завршување пред 30 јуни.

Натпреварите ќе се играат на сите 36 стадиони на екипите од Првата и Втората Бундеслига. Според Заиферт, во овие услови нема да има летен трансфер прозорец во Европа.

– На краток рок, јас би рекол дека трансфер пазарот нема да постои ова лето, тој ќе пропадне. Некои агенти одеднаш ќе сфатат дека ќе треба да работат напорно или барем да работат; некои лиги ќе сфатат дека парите не се нешто што автоматски паѓаат секој месец од небото, рече Заиферт.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Фетел: Леклер ќе ме стави под притисок

saso user

Скандал: Малолетен фудбалер среде натпревар барал судијка орално да го задоволи! ФОТО

saso user

Србија остана без селектор

saso user