Македонија

Бектеши, Манчевски и Петровска на онлајн видеосесија за полицискиот час во 18:00 часот

Владата на Република Северна Македонија, попладне во 18:00 часот, преку онлајн стрим на видеосесија „КОВИД-19, прашања и одговори за полицискиот час“,  ќе ги информира граѓаните и медиумите за сите детали поврзани со новите рестрикции на движењето на граѓаните на ниво на целата територија, кои почнуваат од денеска.
Како што информираат од владината прес-служба, на видеосесијата ќе говорат министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.
Видеосесијата ќе се емитува на јутјуб каналот на Владата, како и на фејсбук страниците https://www.facebook.com/koronavirus.gov.mk и https://www.facebook.com/VladaMK.
Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Предлозите за реконструкција на Владата во Собранието ќе паднат до петок

saso user

ЗНМ: ОЈО треба да ги гони лицата што ги изнеле записниците, а не оние што ги објавиле

saso user

Работничка од фирма во Кавадарци е тешко повредена

saso user