Бизнис

БМВ ќе произведува медицински маски

Германскиот автомобилски гигант БМВ соопшти дека е подготвен да започне производство на медицински маски, изјави генералниот директор на компанијата Оливер Ципсе по средбата со баварскиот премиер Маркус Зедер во Минхен.

Според Ципсе, на тој начин концернот ќе работи за надминување на глобалниот дефицит.

– Наскоро ќе можеме да произведуваме неколку стотици илјади маски дневно, кои ќе се користат за заштита како на нашите вработени, така и за снабдување на општеството – нагласи директорот на БМВ.

Од БМВ соопштија дека се подготвени да купат опрема неопходна за производство на заштитни маски.

Од своја страна, Зедер смета дека таквиот потег е веројатно шанса за подобрување на меѓународната конкурентност во корист на германските производители.

Автомобилскиот гигант веќе се обврзал да и испорача на Баварија 150.000 професионални маски ФФП2 за медицинскиот персонал и еден милион обични маски колку е можно поскоро.

Кон средината на минатиот месец, БМВ соопшти дека ги затвора своите фабрики во Европа и ЈАР.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Договор со Светска банка за 70 милиони евра за реконструкција на локални патишта

saso user

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

saso user

Хидроелектраните „Шпиље“ и „Глобочица“ произведоа 211 милони киловат часови струја

saso user