Македонија Топ вести

Јавно извинување на редакцијата Охридскај до градоначалникот на Охрид Георгиевски и до семејството Стојановски.

Реакцијата ОхридСкај  се извинува на градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски за објавената вест на ден 09-03-2020 година , дека Георгиевски ,користел „Виза Револвинк кредитна картичка“  со број на сметка 20285764001. , н име на прерано починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојановски, објавена под наслов : „ (Факсимили)Игра на Тронови во Општина Охрид „Ноќта на живите мртовци“, ниту на мртвите не му даваат мир?!“.

Реадкцијата ОхридСкај  на 26 јануари 2020 година , со писмен допис а врз основа на чл. 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со барање ,да се издадат комплетни званични податоци за користење на општински средства од службени картички на Општина Охрид ,кој ги користи градоначалникот Константин Георгиевски и останати државни службеници во Општина Охрид кој имаат службени платежни картички.

Од страна на овластеното лице од Општина Охрид ,кое е задолжено на посредува при остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, државниот службеник Марина Здравевска , до редакцијата ОхридСкај , беа доставени комплет издадени Изводи за бизнис револвинг картички ,издадени од страна на А.Д. Комерцијална Банка -Скопје, кој се книжеле во одделението за финасии при Општина Охрид !?

Деновиве од страна на раководителот на одделението за финасии при Општина Охрид на редакцијата ОхридСкај и беа укажани факти , од кој јасно прозлезе ,дека Градоначалник на Охрид Константин Георгиевски ,користи своја Бизнис картичка, со сопствен Пин код од самиот ден на негово назначување за В.Д.Градоначалник на Охрид на ден 25-12-2018 гоидина ,а подоцна и како избран Градоначалник на непсоредни вондредни локални избори за град Охрид на  05-05-2019 година.

Од страна на одделението за финасии при Општина Охрид , во месец Јануари 2019 година ,извршиле поништување на Бизнис картичка на име Јован Стојановски издадена од страна на А.Д. „Комерцијална Банка“Скопје , филијала Охрид ,а со барање биле извадени Бизнис картичка на име корисник Општина Охрид Градоначалник Константин Георгиевски.

Комерцијална Банка А.Д. Скопје , спротивно на Закон за банкарско работење , до ден денешен Изводите за Виза Биснис кредитна картичка , кој ги испоставува во одделот за финасии во Општина Охрид , неразбирливо сеуште ги води на име на прерано починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојановски?! Од страна на Општина Охрид , поточно одделението за Финасии , во неколку наврати се обратиле до А.Д. „Комерцијална Банка“ Скопје по писмен пат , со кое барање барале (четири писмени дописи-барања)  А.Д. „Комерцијална Банка“ Скопје,веднаш да изврши корекција во изводи Виза Биснис кредитна картичка, кој ги издаваат на име Јован Стојановски,нешто што до ден денешен Комерцијална Банка А.Д. Скопје ,не постапила по барање на коминтент ,а и согласно Закон за банки.

Согласно на погоре изнесеното , редакцијата ОхридСКај , ценејки ги наводите-доказите изнесени од страна на одделението за финасии при Општина Охрид ,но не по своја вина , изнесуваме јавно извинување до градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски , но должни сме да се извиниме и на семејството на прерано починатиот градоначалник на Охрид Професор доктор Јован Стојановски, од човечки и етички причини.Реадкцијата Охридскај јавно ја повикува Комерцијална Банка А.Д. Скопје,веднаш да постапи согласно Закон и а изврши корекции во своето работење , но и Јавно да се извини на градоначалникот на Охрид Константи Георгиевски и на фамилијата  на прерано починатиот градоначалник на Охрид Професор доктор Јован Стојановски,за настанатиот хаос во издавање на званични Банкарски Изводи „Виза Револвинк кредитна картичка“  со број на сметка 20285764001…

Реадкција ОхридСкај Сашо Денесовски -Главен и одговорен уредник

Редакцијата ОхридСкај ќе изврши повлекување на објавената вест која е предмет на јавното извинување.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

МЗ: За првпат достапен лекот Пирфенидон за пациентите со идиопатска белодробна фиброза

saso user

НАДНИЧАРИ ОД АЛБАНИЈА СО НОЖ ЧИСТЕЛЕ СМЕТКИ ВО РЕСЕН , СИТЕ ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА

saso user

Шестгодишно дете од Прилеп исчезнало во Тетово

saso user