Спорт

Сите учесници на Олимпијадата во Токио ќе бидат познати во јуни 2021 година

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го објави ажурираниот рок за квалификацискиот период за спортисти на Олимпијадата во Токио, што ќе се одржи следното лето. Ова ќе се случи на 29 јуни 2021 година. Системот за квалификации ќе биде доставен до ИОК до крајот на овој месец.

Националните олимписки комитети, на 5 јули следната година, точно 18 дена пред отворањето на Игрите, мора да ги достават конечните списоци на спортисти кои ќе учествуваат на Олимпијадата.

ИОК исто така препорача сите меѓународни спортски федерации, доколку е можно, да ги задржат оригиналните системи за квалификации и квалификациските турнири, кои беа откажани заради појава на коронавирусот.

Во моментот се утврдени сопствениците на 57 проценти од лиценците за Олимписките игри во Токио. Во нив ќе учествуваат вкупно 11 илјади спортисти.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

УЕФА ќе ги прогласи за шампиони лидерите во првенствата ако натпреварувањата не продолжат

saso user

Лацио се огради од расистичките песни на навивачите

saso user

Роналдо: Фановите на Реал сакаат да се вратам

saso user