Спорт

Панчев: Роналдо и Меси можат да продадат 5 милиони дресови, ама доктор не може да продаде 5 милиони мантили

Роналдо и Меси можат во кој било фудбалски клуб да продадат 5 милиони дресови, а доктор не може да продаде 5 милиони бели мантили, рече поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев во неговото онлајн-гостување во утринскате емисија „Ја сакам Македонија“ на Сител.

Тој рече дека глупави се споредбите што се прават за платите на фудбалерите и на докторите, бидејќи, како што додаде, тие работи не треба да се мешаат.

– Луѓето треба да бидат свесни дека во светот играат 10 милиони професионални фудбалери и дека само 10.000 од нив земаат големи плати, а останатите 9.990.000 фудбалери имаат ниски плати. Ако ви кажам колкава плата земаат играчите во македонската лига, ќе се смеете. Но, фудбалот е нешто планетарно и не можете да го ставате во овие категории. Големите плати доаѓаат со популарноста. Фудбалот не е виновен поради тоа што лекарите земаат мали плати. Виновни се владите и институциите. Секако дека треба здравствените работници да имаат многу повисоки плати – рече Панчев.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Солскјер најави чистка во Јунајтед

saso user

Тухел по првиот пораз на ПСЖ: Немаме втор Нејмар или Верати

ohrid_user

Јунајтед со великодушен гест при продлабочување на кризата

saso user