Здравје Свет

Здравствените експерти бараат да прекине производството и продажбата на цигари во светот

Здравствените експерти од Кина ги предупредуваат пушачите да ги остават цигарите, а тутунските компании да престанат со производство и продажба на цигари, со цел, како што велат, да се намали ризикот од ширењето на коронавирусот.

Ова е најдобро време да се престане со пушење.

Ган КуанДиректор на меѓународниот синдикат во борбата против болести на белите дробови.

– Најдобриот потег што во моментов може да го направи тутунската индустрија е веднаш да престане со производство и продажба на цигари, бидејќи на тој начин значително ќе помогне во борбата против коронавирусот – вели Ган Куан, директор на меѓународниот синдикат во борбата против болести на белите дробови.

Тој истакнува дека е исклучиво загрижен за влијанието на коронавирусот врз 1.3 милијарди пушачи во светот, а особено за оние пушачи кои живеат во држави со слаби здравствени системи.

– Пушењето цигари го ослабува имунитетот и го прави послаб во борбата со коронавирусот. Пушачите можат да имаат намален капацитет на белите дробови, а тоа значително го зголемува ризикот од поголемо заболување. Апелирам до сите влади во светот да имаат морален императив и да ги советуваат пушачите да ги остават цигарите. Ова е најдобро време да се престане со пушење – истакна Куан.

Тој вели дека истражувањата покажале оти пушачите поминуваат многу полошо од останатите пациенти заразени со ковид-19.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Убиството на новинарот е „грешка“, смета принцот на Саудиска Арабија

saso user

Конечни резултати на косовските избори – ВВ освои 32, ЛДК 29 пратенички места

saso user

Што се случува во организмот после три дена глад?

saso user