Сцена

Славната пејачка проговори: Ме дрогираше, ме силуваше и сакаше да ме убие

Британската пејачка Дафи, која пред месец и пол откри на Инстаграм дека непознато лице ја држело во заточеништво, ја дрогирало и силувало, го опиша ова страшно искуство на нејзината страница.

Дафи, позната по хитот „Mercy“  ја отворила душата за четиринеделниот пекол низ кој поминала пред 10 години, од кој никогаш не закрепнала.

„Сторителот ме дрогираше во ресторанот каде го славев роденденот. Потоа, тој ме смести во хотелска соба и ме силуваше. Се сеќавам на болката и обидот да останам свесна. Не знам како имав сила да ги издржам тие денови. Се обидов да останам смирена и нормална. колку што е можно во таква ситуација, а кога тој ме донесе во мојата куќа, јас седев, замаена, како зомби. Знаев дека мојот живот е во непосредна опасност, тој призна дека сака да ме убие“, ја започнала Дафи својата исповед.

„Сторителот ме дрогираше и во мојата куќа четири недели. Не знам дали тој ме силувал за тоа време. Првото нешто што се сеќавам е дека се најдов во автомобил во странска земја и на бегството после тоа. Не знам зошто не ме дрогираше додека бевме во странство, мислам дека користел дрога од А-класа и дека не можел да патува со таа дрога“, продолжи пејачката.

Таа објаснила дека сака да го раскаже своето искуство за да им помогне на сите што поминале низ нешто слично.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја доби наградата за човекови права на Советот на Европа

saso user

Балашевиќ доживеа срцев удар

saso user

Славниот рапер почина од коронавирус, последната фотографија ја објави на респиратор

saso user