Здравје

На кои места во автомобилот најмногу се задржува коронавирусот?

Воланот, менувачот, копчињата, кваките на вратите и седиштата се петте места во секој автомобил кои најчесто се допираат со рацете и за кои е потребна редовна дезинфекција. Ваков апел пристигна од лекарите кои тврдат дека токму на овие површини коронавирусот најчесто се задржува. Тие наведуваат дека и детското седиште во автомобилот припаѓа во оваа критична група.

Како што советуваат експертите, потребна е секојдневна дезинфекција со хируршки алкохол на овие шест точки во автомобилот, а принципот на чистење е едноставен: избришете ги површините со крпа натопена со алкохол, или, пак, испрскајте ја внатрешноста на возилото со алкохол, а потоа избришете ја со сува крпа.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Девет совети за превенција од рак на дојка

saso user

Лошо се справувате со стресот и станувате анксиозни? Можеби ова е причината за тоа!

saso user

Намирници кои штитат од грип

saso user