Здравје

Колку често треба да се менува постелнината во текот на пандемијата на коронавирусот? Луѓето забораваат едно важно правило

Претходните истражувања покажале дека повеќето луѓе премногу долго спијат на истата постелнина. Но, тоа сега, во време на пандемија на коронавирус, би можело да биде поопасно од кога и да е.

Стручњаците предупредуваат дека постелнината треба да се менува односно да се пере најмалку еднаш неделно.

Луѓето и сега спијат на истата постелнина 12 дена

Освен грините, кои се размножуваат на валкана постелнина и можат да предизвикаат здравствени проблеми, вашиот кревет може да биде плодно тло за вируси и бактерии. Ако сте болни, од клучна важност е постелнината да ја менувате почесто од еднаш неделно и истата да ја перете на висока температура.

Загрижувачки е податокот на новата студија кој вели дека луѓето спијат на истата постелнина во просек 12 дена, и покрај големата опасност од коронавирусот, која веќе со месеци се шири низ светот.

Пижамите и навлаките за перници треба да се перат исто така еднаш неделно.

Многумина забораваат дека и самите перници и покривачи треба да ги перат минимално еднаш во тр месеци. Душекот треба длабински да се исчисти барем еднаш годишно.

Дури 64 отсто од луѓето потенцијално внесуваат нечистотија во креветот доколку не се истушираат пред легнување, додека 12 отсто од испитаниците признале дека не се тушираат секој ден. Мажите, во тој случај, се поголеми „престапници“ од жените.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Внимавајте: Боите за јајца може да предизвикаат алергии и надразнување на слузницата на носот

saso user

12 највалкани производи: На ова овошје и зеленчук се наоѓаат најмногу пестициди

saso user

Лекарите признале: За овие сериозни болести пациентите добиваат погрешна дијагноза!

saso user