Бизнис

Финансиската поддршка за женско јагне зголемена на 2.500 денари

Се зголемува финансиската поддршка за одгледувачи на овци. Наместо 700 денари за задржано женско јагне, ќе добиваат по 1.500 денари, одлучи владата на денешната седница.

Според Министерството за земјоделство, ваквата одлука е донесена поради проблемите со откупот на јагнето што ги предизвика кризата од коронавирусот.

– Вкалкулирано со основната мерка од 1.000 денари за обележани грла овци, со сегашното зголемување за подмерката за задржано женско јагне од 1.500 по денари по грло, одгледувачите на овци ќе добијат вкупна финансиска поддршка во висина од 2.500 денари за женско јагне – информира Министерството.

Наведува и дека во следниот период ќе продолжи да ја следи состојбата со откупот и извозот на јагне. Во постојaна комуникација е со одгледувачите на овци и со откупувачите, а освен традиционалните пазари како Италија, Хрватска, Грција, се бараат и други, алтернативни за извоз на јагнето.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Земјоделците се жалат дека зелката не се откупува по договорената цена

saso user

ИКЕА ќе произведува медицински маски

saso user

Од оваа есен ново кредитно портфолио на Еуростандард банка

saso user