Бизнис

Трипуновски: Околу 3.000 вработени во ЈП „Македонски шуми“ два месеца не земале плата

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска на својот фејсбук профил објави дека околу 3.000 вработени во ЈП „Македонски шуми“ два месеца се без плата и придонеси за пензиско и здравствено осигурување.

– Тоа се речеси 3.000 семејства на кои им е загрозена егзистенцијата. Во ек на светска пандемија, покачени трошоци за живот и општ хаос, 3.000 наши сограѓани се соочуваат со мака како да го преживеат месецот, тоа се луѓе со кредити, со разни други давачки, на некој од нив ова им е единствен приход за живеачка – пишува Трипуновски.

Според него, да не се исплати плата за два месеца е крајно неодговонорно, нехумано и недомаќинско работење од страна на менаџерскиот тим на ЈП Македонски Шуми.

Каде се парите за плата на овие луѓе!? Доколку нема зошто се примаат нови и се штанцаат нови огласи за партиски вработувања!? Доколку има, каде завршиле и зошто не им се исплатени на работниците!? Три илјади семејства не смее да останат без егзистенција. Платите на вработените во ЈП „Македонски шуми“ мора да се исплатат, наведува Дополнителниот заменик-министер.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Трамп: Ќе направиме договор со Кина во вистински момент

saso user

Владата предложи минималната плата да биде 14.500 денари

saso user

Извршителите подолго од една година решаваат предмет, ама лани собрале 127 милиони евра

saso user