Спорт

„Ти ќе бидеш претседател, а јас ќе го тренирам Реал Мадрид“

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и италијанската репрезентација Фабио Канаваро упати порака до поранешниот голман Икер Касиљас за време на карантинот поради коронавирус.

Италијанецот се шегуваше за желбата на Шпанецот да се кандидира за претседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ).

– Ти ќе станеш претседател на федерацијата, а јас ќе го тренирам Реал Мадрид – рече Канаваро.

Канаваро изрази восхит и за работата на селекторот на Реал Мадрид Зинедин Зидан.

– Морам да му честитам на Зиза. Начинот на кој управува со тимот, начинот на кој комуницира со навивачите … Тој е одличен. Тој работи неверојатно – нагласи Канаваро.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Почина легендарниот фудбалер на Ливерпул, Томи Смит

saso user

СЗО ја повика УЕФА да ги прекине меѓународните турнири на 18 месеци

saso user

Циципас: Ги презедов сите неопходни мерки за да се заштитам

saso user