Балкан

Со платформата „Грција од дома“ ќе се патува низ земјата

Гледам, патувам, учам се главните компоненти на платформата „Грција од дома“ (Greece from home) за зајакнување на сликата на Грција во странство, иницирана од Министерството за туризам на Грција, Грчката национална организација за туризам и иницијативата „Marketing Greece“ и со поддршка од „Гугл“, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку платформата, луѓето од целиот свет ќе можат, седејќи дома, да се поврзат со културата на Грција, виртуелно да патуваат во земјата, но и да учат преку едукативни семинари, пред сѐ наменети за зајакнување на бизнисите во областа на туризмот.

„Време е да се остане дома и да се стисне копчето пауза, но тоа не значи дека треба да прекинеме да се поврзуваме, да бидеме инспирирани и да учиме“, е пораката на почетокот од промотивното видео за платформата.

На денешната онлајн прес конференција, министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, рече дека главната порака на кампањата е да се остане дома и за земјата да се научи токму од дома.

– Владата денес, покрај мерките за заштита на јавното здравство, заштитата и рестартирањето на економијата и обновата на грчкото општество, презема иницијативи и за зајакнување и управување со сликата на нашата земја како туристичка дестинација во рамките на целокупната стратегија за справување со пандемијата на ковид-19 – истакна Теохарис.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Храм во Подгорица е крстена првата транс личност

saso user

Во Хрватска истрага против четворица Хрвати и една Македонка за криумчарење странци

saso user

Венецијанската комисија во Тирана, ќе почне истрага за претседателот Мета

saso user