Свет

Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот: Над милион заразени со новиот вирус, оздравеле 210.199 луѓе

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.000.177 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 51.356, а оздравеле 210.199 луѓе.

– Воената команда на НАТО во Европа ќе се придружи во напорите за спречување на епидемијата од Ковид-19. Тоа го соопшти генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг по денешната средба со видео-врска на министрите за надворешни работи на НАТО.

– Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус во Турција е 18.135 луѓе, 365 се починати. Денеска рекорд – 79 починати од вирусот.

– Португалскиот Парламент гласаше за продолжување на вонредната состојба за 15 денови поради коронавирусот.

– Претседателот  на Австрија Александер ван дер Белен ги повика Австријците да издржат во борбата со пандемијата.

– Во Канада има повеќе од 10.000 заразени од новиот коронавирус, а смртноста зголемена за 21 отсто – вкупно 217 починати.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Снегот ги блокира патиштата, вонредна состојба во Монтана (ВИДЕО)

saso user

Членките на ЕУ со надеж денес да постигнат договор за одложување на Брегзит

saso user

Франција го замолува Лондон да најде решение за Брегзит пред 31 октомври

saso user