Македонија

Нова веб страница на Владата за сите информациии за коронавирусот

На нова веб страница на Владата koronavirus.gov.mk, граѓаните од денеска ќе може да се информираат за сите официјални информации за коронавирусот во земјава.

Министерот з аздравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека на оваа страницата е објаснето како граѓаните да побараат медицинска и психолошка помош, како да се  пријави прекршок, кои се насоките и мерките за заштита на граѓаните од вирусот, а таму ќе може да се најдат и сите новости и совети за епидемијата.

Веб-страницата е придружена и од мобилни апликации (за Андроид и иОС) за поедноставен пристап, преку кои редовно ќе се испраќаат нотификации до граѓаните кои на својот смарт-телефон ќе ја инсталираат оваа апликација, поврзани со дневните апели на Владата за почитување на мерките, најави за прес-конференции, потсетувања за активните мерки и забрани и други информации во корист за граѓаните. Апликациите ќе можат да се преземат од новата веб страница.  www.koronavirus.gov.mk/app.

Под името Коронавирус МК / Koronavirus MK, Владата отвори и Фејсбук, Инстаграм и Твитер страници на социјалните мрежи, кои се достапни на следните линкови:
www.facebook.com/koronavirus.gov.mk

www.instagram.com/koronavirus.gov.mk
www.twitter.com/KoronavirusMK

Филипче информирапе дека во изминатите 24 часа се потврдени 30 нови случаи позитивни на ковид 19, од кои 12 од Скопје, 8 од Куманово, 9 од Прилеп и еден заболен од Крива Паланка.

Вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица. Во изминатото деноноќие направени се 342 теста, а вкупно досега 4.117 тестирања на ковид-19.

На Инфективната клиника до денеска се хоспитализирани 64 пациенти, а во последните 24 часа се сместени шест пациенти. Од вкупниот број хоспитализирани, осум пациенти се со потешка клиничка слика. Министерот најави дека неколкмунина од нив, ако се негативни на тестови за коронавирус во два наврата, набргу ќе бидат испишани.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Над 200 казнети возачи во Скопје за брзо возење, алкохол…

saso user

Се гради нова хируршка сала и се подновува Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

saso user

Пендаровски: Не ни паѓа на памет да се задоволиме со членството во некаква европска економска зона

saso user