Балкан

Мицотакис: Не сме на почетокот на крајот, туку на крајот од почетокот

Доаѓам денеска во Парламентот, кој неопходно е во мал состав, како што наметнуваат околностите, за да доставам прв отчет за 30-дневната борба со пандемијата, но и да се осврнам на она што е клучно да се направи овој месец, бидејќи април може да се покаже како одлучувачки за иднината, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот од неговиот говор во Парламентοт за време на расправата за ратификација на законскиот акт за мерките во борба со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, се осврна на преземените строги мерки, додавајќи дека досега, по битката од пет седмици, се чини дека Грција ги избегна „трауматичните искуства на Италија, Шпанија, Англија, САД“.

– Не сме на почетокот на крајот, туку можеби сме на крајот од почетокот. Нашата цел беше и останува да можеме да добиеме време за да не се преоптовари да не се исцрпи јавниот здравствен систем .Досега го постигнуваме тоа – рече Мицотакис.

Грчкиот премиер уште еднаш ги повика граѓаните да ги почитуваат правилата „кои досега, ја направија Грција позитивен пример“, да останат дома и да бидат дел од решението.

– Заедничкиот напор, и уште еднаш сакам да го истакнам тоа одовде, од Парламентот, треба да продолжи со иста издржливост и иста посветеност. Април, тоа ни го кажуваат сите експерти, ќе биде најклучниот месец. Ако се опуштиме ќе платиме и не смееме да дозволиме тоа да се случи – порача грчкиот премиер.

Говорејќи за економскиот аспект на пандемијата, Мицотакис истакна дека Владата за 30 дена „испланира и соопшти четири пакет мерки за економска поддршка во износ од околу 10 милијарди евра“, а главната грижа и понатаму е задржување на работните места.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Љубљана почна главното судско рочиште за најголемата здравствена афера во Словенија

saso user

Вучиќ: Просечната плата во Србија до 2025 ќе изнесува 900 евра

saso user

Грчката црква ја призна автокефалноста на Украинската православна црква

saso user