Спорт

Ливерпул стравува од заминувањето на Клоп во германската репрезентација

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп може да го замени Јоаким Лев на селекторската позиција во германската репрезентација. Договорот на Клоп со „црвените“ е со важност до 2024 година.

Клоп признава дека Ливерпул ќе биде последниот клуб во неговата кариера, а германскиот национален тим ќе биде следниот чекор. Сепак, не се знае кога тоа ќе се случи.

Германскиот тренер и предводник на Ливерпул, во моментов е најдобриот тренер на својата земја и ќе биде кандидат број еден за замена на Лев кој е германски селектор повеќе од 13 години.

Клоп го предводи Ливерпул од 2015 година. Тој ги освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светскиот клупски куп.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Милан го купува Милик од Наполи?

saso user

Лоши вести за Реал Мадрид

saso user

Маратонот на Олимпијадата 2020 да се трча ноќе, предлагаат властите во Токио

saso user