Сцена

Кај нив нема криза: Викторија и Дејвид Бекам купија стан од 21 милион евра

Додека целиот свет е во карантин стравувајќи од коронавирусот Викторија и Дејвид Бекам одлучија да купат нов луксузен имот, а станува збор за луксузен апартман во позната зграда во Мајами.

Станува збор за стан со пет спални соби, базен, но и хелиодром на врвот на зградата, за кој издвоиле неверојатни 21,6 милиони евра.

Бекамови првпат ја погледнале зградата и станот уште минатото лето, а апартманот ги воодушевил „на прва  поглед“, а го купиле сега – само неколку месци откако во целост е завршен.

Новиот стан се наоѓа во зграда со 62 спрата, висока 215 метри, што ја прави највисоката зграда во Мајами. Станува збор за зграда со луксузни и приватни станови со голема квадратура.

За станарите на врвот на зградата постои и заеднички базен, како и спа центар, фризерски и козметички салон, барови и дел за сончање.

Ова е само еден во низата од нивните скапоцени недвижности, во кои спаѓа и вилата во Лондон, како и домот во Котволдс, кои исто така чинат неколку милиони евра.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Помладата сестра на Кејт Мос во проѕирен фустан го покажа задникот ФОТО

saso user

Харви Вајнстин однесен во најопасниот американски затвор

saso user

Почина актерот Сем Лојд

saso user