Свет

Италијанскиот „Ламборгини“ ќе произведува маски и визири

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ денеска објави дека почнал со производство на маски и медицински визири.

Ова е нов пример за трансформација на производството во екот на пандемијата на новииот коронавирус.

Други италијански компании, од луксузниот сегмент или модниот сектор, веќе ги пренаменија фабриките за да произведуваат медицински производи.

Таков е случајот со дизајнерот Џорџо Армани, чии италијански фабрики произведуваат заштитна облека за медицински персонал, вклучен во борбата против пандемијата. „Прада“ исто така произведува маски и заштитна облека. Компаниите за текстил Калцедониа и за спортска опрема Спортива – почнаа со производство на маски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во јужниот Пацифик се излеаја 40.000 литри нафта

saso user

Ванг: САД туркаат кон нова студена војна

saso user

Се укинаа драстичните ограничувања во Хубеи

saso user