Бизнис

Европол: Цвета педофилијата на интернет, предаторите демнат над осамените деца

Поради пандемијата на коронавирусот, зголемени се криминалните активности, при што оваа криза се користи за личен профит. Поради тоа, зголемен е онлајн надзорот на педофилите и криминалците, се наведува во извештајот на Европол.

„Криминалците се многу флексибилни и брзо се прилагодуваат на новите услови и наоѓаат нови начини за заработка“, се наведува во извештајот.

„Користејќи различни начини на манипулација, криминалците од корисниците се обидуваат да добијат доверливи податоци како што се: корисничко име, лозинка, податоци од кредитни картички за да остварат финансиска корист“, се додава во извештајот.

Исто така, се наведува дека кризата во период на коронавирусот „ги отвори вратите и на педофилите“, поради тоа што децата сега се повеќе време дома и се чувствуваат осамени.

„Бројот на предатори кои демнат над децата на социјалните мрежи и форуми се зголеми значително, бидејќи децата во оваа ситуација се повеќе ранливи од вообичаено. Педофилите ја користат оваа ситуација за да стапат во контакт со нив и да воспостават однос на доверба за да ги убедат да преземат различни активности од испраќање голи фотографии до создавање односи за идниот период“, се наведува во извештајот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Народна банка евидентира забрзан раст на индустријата и трговијата, поумерен на градежништвото

saso user

Продолжен рокот за бесцарински увоз на замрзнато свинско месо

saso user

Досега бизнисот пријавил околу 3 милиони денари штета, вирусот може да го запре производството

saso user