Македонија

Бебето на кумановката не е заразено со коронавирус

Негативен на ковид-19 е резултатот на бебето родено на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје од мајка позитивна на вирусот од Куманово, соопшти Министерството за здравство.

Пациентката позитивна на вирусот роди живо машко новороденче кое е недоносено и се наоѓа на интезнивната нега на Клиниката за гинекологија и акушерство.

На 31 март, неговата мајка поради отежнато дишење со намалена сатурација, беше веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, од каде информираат дека нејзината состојба е стабилна.

Родилката од Куманово е на возраст од 27 години. Таа беше спроведена и породена во изолација, заради фактот што истата како суспектна на Ковид-19 и упатна дијагноза која укажува на намалената плодова вода била најавена и испратена на Клиниката преку својот матичен лекар. При приемот, на пациентката освен комплетната лабораторија, веднаш и е земен брис за Ковид- 19.

На Клиниката за гинекологија и акушерство со пациентката е постапено по сите протоколи за прием на суспектен или заразен пациент како во однос на нега и третман, така и во однос на адекватна заштита на персоналот и изолација на пациентот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Боларис: Не постои дискусија за размена на споменици

saso user

Царовска, Петров, Спасовски, Зекири и Манчевски – потпретседатели на СДСМ

saso user

Турција ја штити Македонија од мигрантите, ама на штета на ЕУ?!

saso user