Здравје

Ваквото миење не ги дезинфицира садовите: Еве што треба да правите!

Додека ги миете садовите со топла вода и детергент, сигурно мислите дека ги оставате чисти и дезинфицирани.

Иако не сакаме да ви носиме лоши вести, можеби е денес посебно важно да се напомене дека повеќето средства за миење садови немаат антибактериски својства.

Тоа е вистина, па дури и да сте ги потопувале и триеле со сета сила. Вашите чисти садови може да се всушност легло на бактерии, вируси и нечистотии.

Во повеќето случаи ова не е причина за загриженост, но ако некој во вашиот дом неодамна бил болен или на штиците и чиниите сте приготвувале свежо месо, мора да се погрижите се’ да биде навистина дезинфицирано.

Како да бидете сигурни дека садовите се потполно чисти и сигурни за употреба? Следете ги овие упатства!

Користете машина за миење садови ако ја имате

Иако постои дебата околу тоа што ги мие подобро садовите, машината или рацете, сепак, ако треба да одредиме кој уништува повеќе бактерии, машината е сигурен победник!

Можеби таа не е најдобар начин на отстранување дамки и остатоци од храна, за време на миењето може да постигне многу повисока температура од таа што вашите раце би можеле да ја поднесат. Водата е еден од најважните фактори за уништување бактерии.

За да бидат бактериите уништени, температурата на водата треба да биде над 60 степени.

Користете баш топла вода

Ако немате машина за миење садови и мора садовите рачно да ги миете, тогаш користете многу тола вода.

Фрлете го сунѓерот

Ако и понатаму ги миете садовите со сунѓер, веројатно на чиниите и чашите им додавате бактерии. Користете силиконски четки кои лесно се перат и сушат, а ако никако не можете да се одвоите од сунѓерот, тогаш погрижете се да го менувате барем еднаш неделно.

Кујнски крпи

Ако ги бришете садовите по миењето со истата крпа со која со денови ги бришете садовите, рацете или кујнската работна маса, тогаш тоа е исто како да не сте ги измиле садовите. Секојпат користите поптолно чиста и испеглана крпа за бришење на садовите.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Коронавирус: Што ќе се случи со вашиот организам откако ќе оздравите?

saso user

Секоја жена над 45 години мора да ги консумира овие четири семиња

saso user

Скратено работно време по породилното, користат по десетина жени од компаниите-иницијатори

saso user