Македонија Урбани вести

ОПШТИНА ОХРИД СО РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА ОО ВМРО-ДПМНЕ

И покрај постојаните апели за одговорност и внимателност во овие специфични моменти, кога нашата држава, нашиот град и нашите граѓани се соочуваат со исклучителен и тежок предизвик во борбата со пандемијата од Ковид-19, ВМРО ДПМНЕ продолжува да ја манипулира јавноста и да води политичка кампања.

 

Преку серија на јавни настапи, соопштенија и партиски ставови, затскриени под превезот на лажната загриженост, општинската организација на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, деновиве креира внимателно одбрани популистички содржини, преку кои сака да ја дефокусира јавноста, да шири паника и да го оцрнува работењето на Локалната самоуправа.

 

Иако речиси три недели граѓаните навремено и трансапарентно се информирани преку сите форми на јавна комуникација, за сите мерки и чекори кои Локалната самоуправа ги презема во делот на превенција и борба со Корона вирусот Ковид 19, господата од ВМРО ДПМНЕ се однесуваат како да се дојдени од друга планета и дури денес се сетија да измислуваат мерки за активности, кои требало да бидат преземени.

 

Општина Охрид и Градоначалникот Константин Георгиески по насоките на Владата на Република Северна Македонија веќе ги имаат преземено сите оперативни мерки за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19. Во делот на финансискиот менаџмент кој исто така е од особено значење, Секторот за финансии во соработка со останатите служби на Општина Охрид, веќе интензивно работат на подготовка на метеријалот за Ребаланс на општинскиот буџет, кој ќе биде доставен на усвојување до Советот на Општина Охрид во втората половина од месец април. Поради функционалноста на ребалансот, мора да се согледа кварталната реализација на буџетот заклучно со 31.03.2020 година. Планирани се кратења на многу повеќе средства од оние кои се наведуваат во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Средставата кои ќе бидат скратени, преку дополнителни планирања ќе бидат наменети за спроведување на соодветни мерки, во согласност со препораките за надминување на кризната состојба, во повеќе области на делување и за потребите на граѓаните. Важно е да се нагласи дека во овој целокупен финансиски процес се води особена грижа за зачувување на буџетската ликвидност.

 

Уште еднаш упатуваме апел до раководството и членовите на ВМРО ДПМНЕ да престанат со политички соопштенија и да престанат да ја користат актуелната состојба за заработка на ситни политички поени. Навистина не е време за политички кампањи и лични достигнувања, ова е време кога граѓаните, заштитата на нивното здравје и правилното менаџирање на оваа криза се најважните приоритети. Да бидеме одговорни и совесни, помалку политика и поделби, од сите нас зависи!

 

Општина Охрид

 

Одделение за односи со јавност

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев: За граѓаните кои ќе останат без работа, Владата обезбедува половина од нивната просечна плата

saso user

Горат прагови кај железничката во Куманово, прекинат сообраќајот кон Србија

saso user

Анагностопулу: Договорот од Преспа донесе помирување и стабилност на Балканот

saso user