Балкан

Шестата жртва од коронавирус во Албанија

Во Албанија регистрирана е шестата жртва од коронавирус.

Според Министертвото за здравство и социјална заштита станува збор за 71-годишна жена од Тирана,која боледувала и од хипертензија.

„Во текот на ноќта почина 71-годишна жена од Тирана,позитивна на коронаврус, која беше хоспитализирана пред седум дена во Инфективната клиника а неколку дена беше на респратор,стои во соопштенето.

Министертвото изразува сочувство до семејството на пациентката и го повторува апелот до граѓаните строго да ги почитуваат препораките и мерките, посебно одржување на социјална дистанца и да се јават на телефонскот број 127 дококу имаат симптоми на оваа болест.

Со вчерашните, последно, соопштени податоци, во земјата бројот на заразените од „Ковид19“ изнесува 146. Досега 17 лица од заволените се излекувани, но остануваат во домашна изолација во период од 14 дена.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Очаен татко продава бубрег за да ја спаси ќерка си, но хуман јутјубер со акција ги собра потребните пари

saso user

ЕУ предупредува: Србија не може да биде дел од Евроазиската унија

saso user

За осум години грчко државјанство добиле 200.000 албански граѓани

saso user