Балкан

Црна Гора: Србија ни конфискува три респиратори

Од петте респиратори што црногорскиот Фонд за здравствено осигурување (ФЗО) ги нарача од претставници на шведски производител, вчера три беа задржани на границата со Србија, а потоа и конфискувани, потврди за подгорички „Вијести“ диркеторот на Фондот Сеад Чиргиќ.

Тој одговори дека не станува збор за донација, туку институцијата потпишала договор со снабдувачот, „Фармонт“, а испорачани се два апарати. Чиргиќ објасни дека според информациите на снабдувачот, трите преостанати респиратори се запленети.

– Што се однесува до трите респиратори, не можеме да сметаме на нив бидејќи тие беа конфискувани од страна на Република Србија. Апаратите се нарачани од претставник на шведскиот производител на респиратори со седиште во Србија.  Но со оглед на тоа дека за тој вид опрема е воведена забрана, испорака не е можна, -изјави Чиргиќ за „Вијести“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Српската влада ги заостри мерките во борбата против Ковид-19

saso user

Експлозија во зграда во Загреб, еден загинат

saso user

Се затвораат Белград, Ниш и Ваљево? Две нови жртви од Ковид-19 во Србија

saso user