Спорт

Тур де Франс можеби ќе се одржи без публика

Позната по своите бројни гледачи, најголемата велосипедска трка во светот – „Тур де Франс“ можеби оваа година ќе се одржи без публика, изјави француската министерка за спорт, Роксана Марачинеану, јави дописникот на МИА.

Владата е во разговори со АСО, организаторот на трката, за судбината на најпрестижната од големите велосипедски трки. По одложувањето на Олимписките игри и Европското првенство во фудбал, спортот, вклучително и велосипедизмот, е речиси целосно во прекин.

Трката без публика, би била прва во нејзината повеќе од еден век долга историја.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мајката на Роналдо: Фудбалската мафија го спречи да добие повеќе „Златни топки“

saso user

Претрес во домот на Касиљас

saso user

Познат германски тенисер местел натпревари

saso user