Балкан

Тачи ќе преговара со сите партиски лидери за формирање нова влада

Претседателот на Косово Хашим Тачи најави дека ќе ги започне консултациите со лидерите на сите парламентарни политички партии за формирање нова влада, откако синоќа Собранието на Косово му изгласа недоверба на кабинетот на Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

При денешната посета на Медицинскиот баталјон во рамките на Безбедносните сили на Косово, Тачи изјави дека, во консултација со партиските лидери, ќе ги разгледа можностите за формирање „нова влада на стабилност, единство и сеопфатност“.

– По падот на Владата, како претседател на државата, без одолговлекување ќе ги започнам консултации со лидерите на сите парламентарни партии, за да ја разгледам можноста за формирање нова влада на стабилност, единство и сеопфатност. Во секој мој чекор, како претседател на државата, ќе ги почитувам во целост Уставот и законите на државата – изјави Тачи.

Во Собранието на Косово синоќа, со мнозинство гласови, беше изгласана недоверба на Владата на Курти. Иницијативата за уривање на Владата ја поднесе досега владејачкиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), а го поддржаа и другите парламентарни партии, како опозициските, така и оние на српското и другите немнозински заедници, кои беа дел од кабинетот на Курти. Против беа пратениците на Движењето Самоопределување (ВВ) на Курти, како и тројца од пратениците на ЛДК, меѓу кои и собраниската спикерка Вјоса Османи. 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Вулкан дискавери: Земјотресот во Албанија со моќност како три атомски бомби

saso user

(видео)Албанците на коњ по забраната за транспорт по улиците

saso user

Ајкула забележана близу плажа кај Валона

saso user