Бизнис

Стопанска комора: Автомобилските компании прават се да ги задржат вработените

Поддршката на Стопанската комора на Македонија во постојниов период е насочена и кон компаниите членки на Советот на странски инвеститори при комората. Имајќи го предвид нивното релативно значење за вкупниот македонски извоз, бројот на вработени во овие компании и фактот дека апсорбираат значаен дел од работната сила надвор од Скопје, важно е да се знае што ќе се случува во наредниов период и во овој сегмент на македонската економија, рече во денешната порака Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора за економски прашања,.

Тој рече дека глобалните случувања со корона Covid 19 вирусот наметнаа прекин на работата на компаниите од автомобилската индустрија ширум светот. Во такви околности и компаниите во земјава, членките на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, се принудени, не по свој избор, целосно или во најголем дел да го прекинат производството, во период од најмалку неколку недели.

-Но, и покрај ваквите неповолни случувања и сериозните финансиски последици, компаниите членки на Советот за странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија преземаат напори и мерки да не отпуштаат работници,  планираат да искористат одреден модалитет, но првенствено сакаат да ги задржат вработените. Така, компаниите планираат претстојниот период на прекин на производството да го искористат за реализација на обуки за вработените или вработените да користат неискористен редовен годишен одмор од минатата година и мал дел од одморот за оваа година, евентуално користење на принуден одмор и сл. Тоа се охрабрувачки чекори во дадената ситуација – рече Јовановски.

Според него, навидум мали, но мудри потези повлечени во моментов, можат да отворат значајни перспективи за македонската економија во периодот после завршувањето на пандемијата на коноравирусот.

– Промена на некои од постојните давачки за овие компании заради соодветна царинска хармонизација и зголемување на конкурентноста на македонските компании што се дел од глобалните синџири на набавка може во иднина да резултира со тоа производството што сега е лоцирано во некоја друга земја да се пресели во Македонија – рече Јовановски.

Тој информира и дека за сите овие прашања деновиве во Владата се одржа работна средба на заменик претседателот за економски прашања Мила Царовска со компании членки на Советот на странски инвеститори, на која имаше и претставник од Стопанската комора на Македонија.

 

 

Стопанската комора на Македонија, секојдневно, 24 часа е ставена на располагање на компаниите со цел полесно надминување на постојната ситуација. Прашањата и иницијативите од компаниите се проследуваат до Владата и надлежните институции и повратните информации, уредби и заклучоци се проследуваат до компаниите и објавуваат на интернет сајтот на комората.

Истовремено, Стопанската комора на Македонија е многу активна и во ангажманот за надминување на конкретни оперативни прашања. Во врска со проблемот на македонските транспортери на границата со Турција, за што известивме дека се ангажираше комората, имаме најава од турските власти дека проблемот ќе биде надминат во текот на денешниот или наредниот ден.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Исплатени 607 милиони денари субвенции за сточарите

saso user

Британија ќе им плаќа на самовработените 80% од нивната просечна плата

saso user

Трипуновски го претстави тимот од 12 советници

saso user