Спорт

Скијачката Шифрин продава предмети да собере пари за борба против коронавирусот

Двократниот олимписки шампион во алпско скијање, Американката Микаела Шифрин изјави дека ќе продолжи да продава свои работи на добротворна аукција. Собраните средства таа ќе ги донира за борбата против коронавирусот.

Претходно, Шифрин, на аукција изложи неколку парчиња облека и чаши.

Според неа, купувачите биле многу активни, така што на секои неколку дена таа ќе продава нешто друго.

За потсетување, најголемиот број спортски настани се прекинати низ целиот свет поради пандемијата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Мастерс“ турнирот во Мајами без Надал и Дел Потро

saso user

Фудбалерите од Бундеслигата ќе се откажуваат од платата

saso user

Нејмар е обвинет за силување, тој тврди дека е жртва на уцена

saso user