Сцена

Рита Вилсон го објави својот телефонски број од карантинот: Почнав да полудувам! ВИДЕО

Познатата актерка и пејачка Рита Вилсон, сопруга на холивудскиот актер Том Хекс, сè уште е во карантин во Австралија, откако неодамна беше хоспитализирана поради коронавирусот.

„Малку почнав да полудувам. Ова е мојот телефонски број (310) 299-9260. Испратете ми порака за да можам да ве известам што правам кога ќе бидам во вашиот град (кога еден ќе можеме да ги напуштиме домовите) и да можеме да останеме во контакт. Ќе ви испратам СМС-порака во догледно време. Исто така, ве замолувам да ми испратите нови предлози за песна за мојата карантинска топ-листа “, рекла Рита Вилсон (63) во видеото објавено на Инстаграм.

Инаку, актерката е многу активна на Инстаграм, а пред некој ден објави видео како рапува. Поточно, во видеото се гледа Рита Вилсон како чита книга, кога одеднаш започнува песната „Hip Hop Hooray“ од групата „Naughty“ и таа почнува да рапува.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Таткото на Леди Гага бара помош 50.000 долари, јавноста огорчена, му порачаа да се засрами

saso user

Хрватската стзарлета Нивес Целзиус со секоја своја објава привлекува внимание на социјалните мрежи

saso user

На ќерката на Берни Еклстон за 50 минути ѝ украле накит вреден 64 милиони

saso user