Бизнис

Рецесијата во Грција ќе биде од еден до три отсто, проценува министерот за финансии

Моменталната слика е дека рецесијата во Грција, поради коронависрусот ќе биде поблага од другите европски земји и ќе се движи меѓу еден и три отсто, вели Министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина

– Секоја седмица на состаноците на Јурогруп, процените постојано се менуваат, се ажурираат и стануваат полоши. Врз основа на завчерашната слика на Европската централна банка, во Европа, ги имам податоците пред мене, ако продолжат затворањата и строгите забрани во земјите, рецесијата може да стигне до пет отсто и во едно екстремно сценарио, и до девет проценти. Ова се однесува на Европа. Сликата за Грција е со поблаги стапки на рецесија. Во овој момент, процените се од еден до два-три отсто, вели Стајкурас.

Министерот за финансии на Грција објаснува дека сепак „секоја сериозна влада, мора да биде спремна и за екстремни сценарија“, односно кризата да трае многу подолго или пак да се повтори во текот на годината.

Во однос на закрепнувањето на грчката економија од актуелната криза, вели дека можно е да биде нагло во форма на буквата В на англиски (V), но многу тешко дека тоа би се случило во текот на оваа година.

-Се чини дека закрепнувањето, малку доцни, не е лесно да се отслика во 2020, но во 2021 ќе биде многу подобро и повисоко, објаснува Стајкурас за „Скај“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Прв кредити , субвенции за плати , прв сет мерки економски мерки на владата

saso user

Манчевски: На крајот на годината ќе имаме реорганизирани институции

saso user

Патот Маврово – Никифорово ќе биде готов до крајот на октомври

saso user