Свет

Путин: Сите заедно ќе изготвиме план за поддршка на економијата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на виртуелниот самит на Г20 изјави дека на земјите учеснички им е потребен заеднички план за поддршка на економијата по избувнувањето на пандемијата на коронавирусот и предложи мораториум за санкции поврзани со основните производи.

Путин предложи создавање на посебен фонд под контрола на Меѓународниот монетарен фонд за да им се помогне на земјите погодени од пандемијата.

– На сите, ако зборуваме за Г20 како целина, ни треба заеднички акционен план за стабилизирање на ситуацијата, поддршка на економијата и враќање на довербата на светските пазари – рече рускиот претседател на самитот.

– Сега генерално итно треба да обезбедиме пристап до финансирање за земји на кои им се потребни ресурси, особено за земјите погодени од кризата и пандемијата – рече Путин.

Тој рече дека коронавирусот ќе предизвика посериозни проблеми отколку што направи финансиската криза во 2008 и 2009 година.

Претседателот на Русија изјави дека невработеноста го надминала нивото од 2009 година, како резултат на развојот на ситуацијата поврзана со ширењето на коронавирусот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

За проект предводен од Иванка Трамп oд буџетот на САД ќе се издвојат 100 милиони долари

saso user

Дачиќ: Ви честитам, имавте спор со Скопје за името, не за територија што е многу полесно

saso user

Протести во Франција против „Црниот петок“

saso user