Македонија

Приведени 37 лица за време на полицискиот час

Во изминатите 24 часа (25/26. март), според евиденцијата на МВР, на територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација, 82 потпишале изјави за самоизолација, а од страна на полициските служби извршени се контроли и е констатиран само еден случај на лице кое не ја почитувало самоизолацијата.

Покрај ова полицијата, во соработка со другите институции во изминатото деноноќие извршила и контрола врз 222 угостителски и други објекти, и во три случаи за три објекти е констатирано непочитување на владините мерки и одлуки.

По однос на контролата на забраната за движење од 21 до 05 часот утврдено е дека 66 лица не ја почитувале забраната при што приведени биле 37 лица, а за другите се изготвени записници и ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ќе се набавуваат термални камери и опрема за Инфективна

saso user

МНР: Граѓаните што се враќаат од Малта летаат преку Истанбул

saso user

ОПШТИНА ОХРИД СО РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА ОО ВМРО-ДПМНЕ

saso user