Свет

Пандемијата на коронавирус можe да добие цикличен карактер

Водечкиот специјалист за инфективни заболувања во САД, Антони Фаучи, изјави дека пандемијата на коронавирус што го погоди светот, може повторно да се појави и тоа во многу посилна форма, ако не се преземат неопходните мерки.

Фаучи, кој е раководител на Институт за алергиски и инфективни заболувања, и член на координатвното тело на Белата куќа за борба со коронавирусот, на брифингот синоќа истакна дека вирусот се шири и во Јужна Африка и во други земји од Јужната хемисфера, каде сега настапува зима.

Според него, ако во тие региони дојде до голема пандемија на коронавирусот, тоа ќе биде јасен показател дека ширењето на вирусот може да добие цикличен карактер, и оти земјите од Северната хемисфера треба да бидат подготвени на втор циклус на епидемијата следната година.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Петгодишно момче преживеа еден ден во пустина

saso user

Убиен полицаец и двајца милитанти во Тунис

saso user

Во Русија рекордно зголемен број на заразени за 24 часа

saso user