Македонија Топ вести

Османи: Обезбедени се 50 респиратори, отежнат е нивниот транспорт до Македонија

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи информира дека од меѓународни донации веќе се обезбедени 50 респираторни машини за Македонија. Османи на прес-конференција информира за мерките кои владата ги презема за обезбедување на странска помош за справување со Ковид-19.

– До сега обезбедени се 25 респиратори преку средствата на норвешката амбасада. Тие се во депо во Турција и се разгледуваат можностите за трнспорт на респираторите до Македонија за Инфективната клиника. Обезбедени се и 30 респираторни машини од Кина, а се купуваат од средства од ЕУ. И за нив разговараме за детали како да се транспортираат во Скопје. Кина одговори позитивно за респираторите, но оти 100 земји бараат респиратори, тие ги немаат на лагер, но како се произведуваат тие ќе бидат достапни за нашите институции – рече вицепремиерот Бујар Османи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Панорамското тркало“ и „Вртелешката“ во Луна парк под лупа на ревизиорите

saso user

„Бомби“ за „Монструм“: Беџети одбивал да потпише за екстрадиција, се слушаат и гатачката и мајката на Груевски

saso user

Нашите ученици следат помалку настава од словенечките, следи реформа и во предавањата и во испрашувањето

saso user