Свет

Медицинските сестри во Њујорк носат ќеси за отпадок, немаат заштитна опрема

Недостигот на заштитна опрема за медицинскиот персонал во болница на Менхетн е толку голем, така што докторите и медицинските сестри започнуваат да носат кеси за ѓубре како заштитна опрема.

Неверојатна фотографија започна да кружи на социјалните мрежи – три медицински сестри позираат во ходник во њујоршката болница облечени во големи, црни пластични кеси за ѓубре од кои се направени импровизирани заштитни одела.

Една од нив дури и држи отворена кутија со најлонски кеси за ѓубре кои очигледно ги претвораат во заштитни одела.

Како што пренесуваат американските медиуми, проблемот со залихите во болницата траел веќе една година, а поради епидемијата на Ковид-19, медицинскиот персонал веќе започнал да користи сопствен прибор и залихи.

Извори од неколку болници во Њујорк откриваат дека медицинските сестри користат иста заштитна опрема со заразените и незаразените пациенти откако им било кажано дека засега ќе имаат по едно парче заштитна опрема.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Евакуирани три амбасади во Мадрид поради закана за поставена бомба

saso user

Омиленото јадење на Путин има само две состојки

saso user

Уганда: Киднапери на американска туристка бараат 500.000 долари

saso user