Македонија

Манчевски за ТВ21: Намалувањето на платите е мерка за да се спаси економијата

Во овие времиња мора да мислиме, не само на она кој колку зема плата, туку и да покажеме солидараност, истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, во емисијата „Кликплус“ на ТВ21.

Намалувањето на платите е една превентивина мерка, за подоцна да можеме побрзо да се вратиме во форма и да ја спасиме економијата, бидејќи без приватниот бизнис нема плата за администрацијата, но и обратно, истакна Манчевски, додавајќи дека навистина ќе требаат сериозни напори за воопшто да се подели таа плата. Со мерките правиме напори, но состојбата е непревидлива и ги немаме сите информации – рече Манчевски, нагласувајќи дека би бил многу среќен доколку кризата заврши за 2-3 месеци, но исто така посочи дека има и други сценарија, да трае многу подолго.

– Во секој случај во оваа приказна сме сите заедно,  соочени со сериозна криза, можеби најголема во историјата, и треба да си помагаме и да не ги ставаме личните пред заедничките интереси – истакна Манчевски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Штип има 680 стечајци со месечен надомест

saso user

Скопјaнец баран од Интерпол уапсен на Ќафасан

saso user

Шилегов ја бара сопственоста на спомениците од „Скопје 2014“ за да ги дислоцира

saso user