Македонија

Лекот „хлорокин“ ставен на листата за укинување на царинската давачка

 Дополнување на Одлуката за укинување на увозната давачка – царинската стапка за потрошен медицински материјал и за лекот „хлорокин“ (chloroquine), донесе Владата на денешната 29-та седница.
 Во насока на обезбедување сеопфатен и координиран пристап во идентификување и пренасочување на достапната билатерална помош за активностите за спречување на КОВИД-19, на оваа седница Владата ги задолжи сите органи на државната управа кои добиваат помош од билатерални донатори итно да го известат Секретаријатот за европски прашања за висината на средствата кои стојат на располагање за секој од проектите. СЕП потоа, ќе достави формално барање до билатералните донатори за пренамена на средствата за справување со КОВИД-19, согласно утврдените приоритетни потреби, се наведува во соопштението од владината прес-служба. 
Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сообраќајка го блокираше автопатот Градско-Велес

saso user

Итни акции против аерозагадувањето

saso user

Полицијата привела неколку лица по пронајдениот женски труп спакуван во вреќа

saso user