Свет

Кеси за ѓубре наместо заштитна опрема, медицински сестри во Њујорк се снаоѓаат како умеат

Поради недостиг на заштитна опрема во една болница во Менхетен, Њујорк, медицинските сестри биле принудени да носат на себе кеси за ѓубре.

На фотографијата, која брзо се прошири на Интернет, се гледа како три медицински сестри во болницата Маунт Синај Вест како позираат во ходникот на болницата облечени во големи црни пластични кеси за ѓубре, прекроени во заштитни наметки, а едната од нив држи кутија со тие кеси, јави Њујорк пост

Во меѓувреме, вработените во болница недалеку од Колумбовиот Круг во центарот на Менхетен веруваат дека недостигот на заштитна опрема е виновен за смртта на еден од нивните колеги, на кого му бил дијагностициран новиот коронавирус пред две недели.

– Болницата го уби и тој треба да одговара за тоа – рече една од медицинските сестри.

Друга медицинска сестра рече дека проблемите со недостиг на опрема не се нови и траат една година, поради што персоналот честопати бил принуден да ги крие личните резерви и дека ситуацијата станала критична кога пациентите со коронавирус почнале да пристигнуваат во болницата.

Поради тоа, сестрите почнале да носат вреќи за ѓубре.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Француски пратеник и вработен во собраниското бифе заразени со коронавирусот

saso user

Часовникот на Судниот ден подесен на 100 секунди до 12

saso user

Построги закони за домашните миленичиња, илегалната трговија носи ризик од болести, бара ЕП

saso user