Македонија Топ вести

И Македонија ќе спроведува меѓународни проекти против Ковид-19

Од денеска Република Северна Македонија е една од земјите во кои ќе се спроведуваат два значајни меѓународни проекти за борба против коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

„Имено, денеска Светската здравствена организација го потврди учеството на нашата земја во програмата ‘Солидарност‘, што претставува голема, меѓународна студија дизајнирана да даде податоци за најефикасен треман во лекувањето на пациентите со КОВИД-19. Целта на студијата е во рамки на дефинирани протоколи да се следи ефикасноста на 5 тераписки опции со кои ќе се лекуваат пациентите со КОВИД 19. Се работи за мултицентрична програма во која досега се вклучени земји од сите страни на светот меѓу кои: Аргентина, Бахреин, Канада, Франција, Иран, Норвешка, Јужна Африка, Шпанија, Швајцарија и Тајланд. Министерството за здравство е во постојана коориднација со канцеларијата на СЗО во нашата земја, која согласно утрдени услови и критериуми би требало да обезбеди техничка и експертска поддршка за реализација на студијата“, наведено е во соопштението.

Дополнително, додаваат оттаму, од денеска во рамките на Министерството за здравство започна он-лајн тренинг програма „COVID 19 Response Training“ наменета за здравствените работници.

„Тренингот е развиен од страна на „Project HOPE“ заедно со „Brown University“ од САД и е базиран на препораките на СЗО за справување со ширењето на болеста и заштита на здравствените работници, а во моментов нашата земја е меѓу првите земји во Европа во кои започнува програмата. Со оглед на фактот дека голем дел од здравствените работници во светот се заболени од КОВИД-19, тренингот ќе го следат здравствени работници, со примарна цел да се обучи медицинскиот персонал како пред се да заштити себеси, а со тоа да биде во можност да пружи адекватна нега во делот на превенција и ширење на болеста, контрола на ситуацијата, стабилизација на болните, дијагноза и менаџмент на ситуацијата, скрининг и тријажа, како и утврдување на капацитетите на здравствениот систем и негов развој. На нашиот Клинички Центар, тренингот ќе го следат 20 доктори и 20 медицински сестри, кои стекнатото знаење од експертите од САД и универзитетот ќе го пренесат и на своите колеги, не само во институциите во Скопје, туку и ширум државата, во сите Јавно здравствени установи каде има персонал кој може да дојде во контакт со пациенти позитивни со КОВИД-19“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Спасовски: Не можам да разберам како Мицкоски може да посегне по парите во Вториот пензиски столб

saso user

Почина Жарко Луковски

saso user

Професорка спиела со 5 ученика, а пронашле и експлицитни снимки! ВИДЕО

saso user