Македонија

Заев: Имаме можност да ја донесеме Европа во Скопје

Ги остваривме нашите стратешки цели – ЕУ и НАТО, Европа и европските вредности ги носиме дома, во нашата држава, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во денешното гостување на Националниот телевизиски сервис.

– Јас сум многу среќен и треба и граѓаните да бидат среќни од тоа што ги почнуваме преговорите со Европската Унија. Не беше лесно 15 години како кандидати чекаме датум за преговори, конечно се оствари таа наша желба. Во иста недела  двете наши стратешки цели ги остваривме, дури и правно формално. На народот и во тешки моменти му се случи радост. Овие две стратешки цели значат стабилност, траен  мир, инвестиции, виски плати, нови работни места,економски  стандарди, европски вредности, кои за нас значат подобар живот за сите – порача Заев.

Тој нагласи дека сега како држава имаме можност Европа да ја донесеме дома, тука во Скопје.

– Државата подолго време се подготвува, ќе ги искористиме сите капацитети за да создадеме добри преговарачки тимов, за да можеме да совладуваме повеќе поглавја, во пократок временски период – додаде Заев.

Тој е убеден дека, доколку граѓаните одлучат да дадат поддршка на СДСМ,  за четири години ќе бидат отворени 80 посто од поглавјата, а голем дел од тоа дека ќе биде и затворено.

Од друга страна, пак, опозициската ВМРО-ДПМНЕ веднаш го потсети дека не е солидарност да се крати од платата на работниците, а оние со привремени вработувања да седат дома и да земаат плата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мицкоски му се пожалил на Петричек дека Владата спроведува политички прогон

saso user

Посебен сообраќаен режим во Скопје

saso user

Министерот за транспарентност советува: Подоборо да им избегаме на новинарите

saso user