Свет

Економската активност во Франција на 65 отсто од нормалното ниво

Економската активност и потрошувачка на домаќинствата во Франција во март изнесува околу 65 осто од нoрмалното ниво, поради пандемијата со новиот коронавирус, што го парализира животот во цела Европа и пошироко, објави денеска државната агенција за статистика ИНСЕЕ.

Тоа е прва процена на економските последици поради ограничување на воведените мерки ширум Франција со цел да се сузбие ширењето на вирусот Ковид-19.

ИНСЕЕ претходно објави месечен индекс на деловната доверба, што забележа најголем пад од 1980 година, откако се води евиденција. Тој индикатор во март забележа намалување на 95 поени од февруарското ниво од 105 бодови.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Истрчал маратон на тераса во време на изолација

saso user

Чизми на Наполеон Бонапарта продадени за 117.000 евра

saso user

Нова дипломатска војна помеѓу Пакистан и Индија

saso user