Здравје

Во кои случаи да појдете на стоматолог во вонредна состојба?

Од прогласувањето на пандемијата на Ковид-19, сведоци сме на воведување на сѐ повеќе рестриктнивни мерки со цел да се ограничи ширењето на болеста. Една таква мерка беше одлуката на Министерството на здравство во стоматошките ординации да се примаат само итни случаи.

Дали и кога да се побара помош од стоматолог во овој период, советува д-р Јасмина Трајкова – Пети.

Ако имате:

– Крварења што не сопираат

– Абцеси или болни отоци

– Болка на еден или повеќе заби, болка во вилицата

– Воспаленија на непцата проследени со оток

– Перикоронитис или болка на ткивото околу умникот

– Траума при која забот е избиен или набиен во алвеолата

– Фрактура на заб проследена со повреда на мекото ткиво

– Биопсија на абнормално ткиво

Пациентите со некои од горенаведените симптоми прво траба да се јават кај својот стоматолог за консултација и упатства. Од особено значење е пред интервенцијата да се дадат точни епидемиолошки податоци, дали патувале надвор од државата, дали биле во контакт со лице од кризните региони или заразено од ковид-19 .

Интервенции кои треба да се одбегнуваат се редовни контроли, чистење на забен камен и полирање, ортодонтски третмани, естетски интервенции, вадење на заби без тегоби.

– Додека сте дома јадете здрава храна, ограничете го внесот на шеќерите и заблажените напитоци, одржувајте ја редовно оралната хигиена. Многу состојби можат да се надминат и во домашни услови со употреба на разни гелови, антисептични средства за орална употреба и земање на аналгетик, секако по претходна консултација со вашиот стоматолог – вели д-р Трајкова – Пети.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Поради ова жените спијат три часа помалку од мажите и се „мртви“ изморени

saso user

Ако имате проблеми со запек, јадете го овој зеленчук

saso user

‘Рчењето е поопасно отколку што мислиме, предизвикува опасна и непоправлива штета на организмот

saso user