Сцена

Анџелина Џоли донираше милион долари за храна за деца и финансира 10 училишта

Познатата актерка и активистка донираше 1 милион американски долари за организацијата „No Kid Hungry“, која дистрибуира помош за да им помогне на заедниците да ги нахранат децата кои добивале ручек во училиште.

„Од оваа недела, над една милијарда деца не одат на училиште, бидејќи тие се затворени поради коронавирусот. Многу деца зависат од грижата и исхраната што ја добивале во текот на времето поминато на училиште, вклучувајќи ги и речиси 22 милиони деца во Америка на кои им е потребна храна. „No Kid Hungry“ вложува одлучни напори да ја обезбеди потребната храна на што е можно поголем број деца“, рекла Џоли (44) во изјавата.

Оваа донација не е единствениот начин на кој оваа мајка на шест деца им помага на оние на кои им е потребна помош за време на коронавирусот.

Таа, исто така, донираше за Агенцијата за бегалци, на Обединетите нации, и им испрати поддршка на училиштата што ги финансира во Авганистан, Камбоџа, Кенија и Намибија, за да го  осигура тоа дека ќе продолжат да работат во текот на пандемијата.

Џоли, во моментот, финансира 10 училишта во Камбоџа преку фондацијата „Медокс Џоли Пит“, основана во чест на нејзиниот најстар син, кого го посвои од Азија. Исто така, таа ги финансира училиштето за девојчиња „Анџелина Џоли“ во Кенија и уште две други училишта за девојчиња во Авганистан.

Актерката работи со УНЕСКО за формирање на Глобална коалиција за образование за да им помогне на децата да учат од далечина за време на периоди кога училиштата се затворени.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Наоми Кемпбел: Маска за лице носам 17 години

saso user

Меган доби традиционална хена од Мароко за среќа на бебето (ВИДЕО)

saso user

„Игра на тронови“ апсолутен победник на Еми наградите

saso user