Балкан

Ана Ивановиќ „бркала врски“ за набавка на респиратори во Србија

Српската тенисерка Ана Ивановиќ учествувала во набавката на 35 респиратори за граѓаните на Србија. Како што пишуваат српските медиуми, Ивановиќ дала финансиска поддршка, но ги искористила и своите контакти за побрзо да се набават овие апарати.

Неколку компании заедно со Ивановиќ обезбедиле големи парични средства со кои биле нарачани 35 респиратори за потребите на медицинскиот систем во Србија. Целата таа операција била изведена под капата на Уницеф, чиј амбасадор е токму Ивановиќ.

Овие денови веќе почнаа да пристигнуваат заштитните маски, заштитните одела, визир-очилата и ракавиците за здравствените работници во Србија. За почеток, 1.700 загрозени семејства ќе дoбијат хигиенски пакети.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Албанија бројот на заразени се зголеми на 55 лица, меѓу нив и лекари

saso user

Скандал во Собранието на Црна Гора: Пратеници се степале, а премиерот Марковиќ избегал по инцидентот

saso user

Хаос во Босна: Евакуација поради поплави, водата ги носи мостовите (ФОТО+ВИДЕО)

saso user